Make your own free website on Tripod.com
su-prilep
Home | city of PRILEP | Slovenska Kulturna Inicijativa | Page Title
Slovenska Kulturna Inicijativa

СЛАВИЈА – СЛОВЕНСКА КУЛТУРНА ИНИЦИЈАТИВА


територија: 18 694 600 км˛
население: 294 216 600
јазик: Словенски и друго

СЛАВИЈА …. ИМА ТАКВА ЗЕМЈА ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА

Во Европа постојат три основни групи на јазици, а тоа се: унгаро-фински, романо-германски и се разбира словенски јазици.

Со словенски јазици денеска се зборува во 13 Европски држави, а тоа се: Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Полска, Русија, Србија, Црна Гора, Словачка, Словенија и Украјина.

На словенски јазик зборуват исто така и во автономната област Лужичка Србија во Германија, како и во автономната област на градишките Хрвати, во Аустрија.

Покрај официјалните државни (словенски) јазици, во одредени области постојат и многубројни словенски дијалекти и 'наречја', помалку изучавани и помалку познати.

Општата територија на распространетост на словенските јазици изнесува 18 694 600 km˛, со население от 2942 216 600 милиона луѓе, (по понова статистика). (Овде не е засметана територијата и распространетост на словенските јазици и СЛОВЕНITE који живеат на двор од свои матични држави).

СЛОВЕНСКАТА КУЛТУРНА ИНИЦИЈАТИВА, замислена е како своевиден културен мост, со цел пошироко изучување на словенските јазици, словенската писменост и книжевност, култура, историја итн..

Поедноставно речено, да се дознае повеќе еден за друг, те, да се дознае повеќе за самите себе. Некому, кому еден од словенските језици му е мајчин јазик, би можел по некоја логика, да ги разбере и зборува и сите останати словенски јазици. А јазикот, тоа е богатство.

Своја улога во СЛОВЕНСКАТА КУЛТУРНА ИНИЦИЈАТИВА може да одигра и секој од нас, како и сите оние кои живеат на двор од словенските земји во таканаречената СЛОВЕНСКА ДИЈАСПОРА.

Секој ко сака да одигра своја улога во СЛОВЕНСКАТА КУЛТУРНА ИНИЦИЈАТИВА, било од словенските земји или од останатиот свет, и да даде со тоа свој придонес, може да се јави на нашата електронска пошта, или да не побара по телефон.

Можете да пишувате на било кој од словенските јазици или на било кој од светските јазици, на особено на Англицки јазик. Овој повик, (пишување на англицки јазик), особено се испраќа на СЛОВЕНИТЕ и СЛОВЕНСКИТЕ ПОТОМЦИ, који денес живеат во таканаречениот 'нов свет', САД, Австралија, Канада, односно во земјите од таканареченото англиско говорно подрачје.

По електронска пошта можете да ни испратите свои текстови, идеи, предлози, критики..

Во иднина планираме организирање и спроведување на многу други спортски и културни активности и случувања ќе се обидеме да ги собереме на едно место сите фудбалски репрезентации на словенските земји.

Да се спроведе .. ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО НА СЛОВЕНСКИТЕ ЗЕМЈИ. СЛОВЕНСКИ ФУДБАЛСКИ КУП

Никој не може да порекне дека во словенските земји денес се игра врвен фудбал, кошарка, ракомет, хокеј на мраз итн, никој не може да порекне дека СЛОВЕНИТЕ, се врвни спортисти.

Еден ден ќе организираме и СЛОВЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ, или може би СЛОВЕНСКИ OЛИМПИСКИ ИГРИ. Нешто како СЛОВЕНСКА OЛИМПИЈАДА, или поедноставно СЛОВЕНИЈАДА..

Се надевам дека наскоро ќе гледаме на телевизија конкурс на избор на MISS SLAVIA , (МИС СЛАВИЈА), најубава СЛОВЕНКА на светот, нешто како MISS WORLD, МИСС НА СВЕТОТ, MISS EUROPE, МИСС НА ЕВРОПА ili MISS BALTIC, МИСС НА БАЛТИКОТ. Всушност, никој не може да порекне дека СЛОВЕНКИТЕ, не се светските убавици ..

Ќе организираме исто така и ќе спроведеме и конкурс на ПЕСНА НА СЛАВИЈА, SLAVIA SONG, нешто како евровизискиот евросонг, EUROVISION CONTEST SONG.

Ќе спроведеме во една од словенските земји и смотра на словенскиот филм, некаков СЛОВЕНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ, ili ФЕСТИВАЛ НА СЛОВЕНСКИОТ ФИЛМ, итн, можности има навистина многу.

Освен тоа би можеле да предложиме и воведување на нов поредмет на основните училишта, со што би се потикнало поактивно изучување на општо словенската култура и писменост.

Ќе основаме со текот на времето СЛОВЕНСКA УНИЈA , СЛОВЕНСКИ СОЈУЗ, некаква 'универзално словенска' културна организација, која ќе ги собере словенските култури и традиции на едно место и ке воспостави културни мостови со останатите европски и светски култури почитувајќи ги и применувајќи модерните демократски вредности.

С Л A В И J A … тоа убаво и старо, старословенско слово, може да стане наше словенско име. С Л A В И J A .. 'SLAVIALEND' ili ЗЕМЈА СЛАВИЈА замислена е како земја на мир, љубов и слобода.

. Живеат на таа земја ЛУЃЕ СО ДОБРА ВОЛЈА и говорат на СЛОВЕНСКИ И ДРУГИ ЈАЗИЦИ, а ги краси ШИРОКА СЛОВЕНСКА ДУША.

ЗАШТО ... ИМA TАКВА ЗЕМЈА НА СРЦЕТО ВО ЕВРОПА

Enter supporting content here