Make your own free website on Tripod.com
su-prilep
Home | city of PRILEP | Slovenska Kulturna Inicijativa | Page Title
Slovenska Kulturna Inicijativa
СЛОВЕНСКИ ХОЛОКАУСТ

Зборот Холокауст обично го асоцираме со геноцидот над Евреите во втората светска војна. Според замислата на Адолф Хитлер, од лицето на земјата требало да ги снема не само Eвреите туку и сите Cловени. Со пепелот на овие луѓе нацистите планирале да ги посипат плодоносните полиња на нова Германија, таканаречениот Трет Рајх.

Зошто токму оваа нација? Како и да е, статистиката е навистина застрашувачка. Физички се одстранети шест милиони Евреи и преку 31 милион Cловени од различни словенски држави. Секој шести Пољак, секој 4 Белорусин, секој девети Југословен и.т.н жртви најчесто биле жени и деца, стари лица Многу настрадале во текот на воените дејствија и бомбардирањата но најголем број од нив поминал низ најтешката голгота на фашистичката идеологија.Тие се мачени во концентарционите логори, терани се да рабоат до изнемоштеност веќе по познатата нацистичка крилатица (arbeit machts frei). Над овие луѓe експериментирала цела мала армада од болни, истовремено генијални умови на третиот рајх. Многумина заврсиле во гасните комори.Тешко е да се поверува дека во концлогорите на нацистичка Германија исчезнале повеќе од 11 милиони луѓе, а повеќе од 5 милиони од нив биле словени. Најголем број Евреи загинати во нацистичките логори биле во тоа време државјани на одредени словенски земји, зборувале на еден од словенските јазици, според тоа биле блиски на словенскиот менталитет - 3 000 000 полски Евреи, 1.500 000 советски Евреи, 300 000 чехословачки Евреи, 55 000 југословенски Евреи, 7 000 бугарски Евреи. Најголем број од загинатите во нацистичките концлогори, околу 10 милиони биле државјани на словенски држави а еден од словенските јазици бил нивен мајчин јазик. Статистиката е навистина страшна, 4 862 000 словенски Евреи и преку 5 000 000 останати Словени или државјани на словенските земји, ликвидирани се во концентарциони логори во период од 1939-1945 година. Во втората светска војна настрадале повеќе од 61 милион луѓе, од прилика 47 437 000 од Европа, и од прилика 13 563 000 од останатите континенти. Од европските бројки на загинати издвојуваме 35 000 000 Словени, (вклучувајќи ги овде се разбира и 4 863 00 словенски Евреи загинати во концентрациони логори и преку 31 000 000 останати Словени или словенски државјани). Ако ги погледнеме овие цифри, ќе заклучиме дека словените и словенските евреи доживеале најголем масакр, најголем геноцит, кој во повоеното време се одрази и на сеопштата национална етногенеза на овие народи. Најголемите најпресудните и најкрвавите битки во втората светска војна, како што беа херојските битки за Ленинград, или Сталинград, се одиграле на територијата на словенски земји, точно на територијата на словенските земји беше запрен и уничтен самиот фашизам. Словените и словенските Евреи одлучно му рекоа не на фашизмот.

Милиони луѓе за масовно учество во партизанските движења и ослободителните армии доказувајќи ја со тоа својата висока национална и слободарска свест, во одбрана на демократските начела. Геноцидот над европските Евреи послужи и како еден од поводите за создавање на државата Израел во 1948 година. Евреите го спомнуваат холокаустот до денес. Денеска во светот постојат многу музеи на холокаустот, изложени се документи и докази за тој трагичен период, црно бели филмови и многу напишани книги кои зборуваат за настраданите Евреи. Во разни краеви на земјината топка се одржуваат разни културни и политички збиднувања кои одбележуваат и потсетуваат на трагедијата на еврејскиот народ. Меѓу тоа и ние словените би можеле да земеме пример од еврејскиот народ. Ние би морале да се потсетиме на нашиот Словенски холокауст

Големиот празник - 60 години од победата над нацизмот беше одбележан на 9 мај 2005 година. Словенските народи одиграа пресудна улога во победата над фашизмот и со тоа го спасија светот од уште пострашни последици. Словенските народи и лидерите на словенските земји мора секоја година да го одбележуваат овој голем ден. Ние исто така мораме да му го споменеме на целиот свет фактот за Словенскиот Холокауст. Целиот свет а посебно ние словените мораме да потсетуваме на овие страници од нашата заедничка историја и никогаш да не ги забораваме. Повеќе од 35 000 000 човечки жртви беа залог за победа над нацизмот Словенскиот Холокауст. Токму за тоа ние потсетуваме на словенскиот и еврејскиот холокауст и го поздравуваме еден од најголемите денови на светската историја 9 мај денот на победата. (еден дел од европа овој ден го прославува на 8 мај, но поентата е иста). Секоја година на тој ден, мораме да се потсетуваме на нашите жртви и да ја пренесуваме вистината на идните генерации. Словените ќе живеат и ќе опстанат, токму како Евреите и сите останати. Не смееме никогаш да ги омаловажиме или заборавиме нашите жртви, нашата борба и што е најважно, победата .победата над еден од најголемите предизвици на цивилизацијата и човечката историја .

Ова никогаш повејке не смее да се повтори..

Enter supporting content here