Make your own free website on Tripod.com
su-prilep
Home | city of PRILEP | Slovenska Kulturna Inicijativa | Page Title
Slovenska Kulturna Inicijativa

СТАТУТ


ПРЕАМБУЛА

Терминот: СЛОВЕНСКИ СОЈУЗ, СЛОВЕНСКА КУЛТУРНА ИНИЦИЈАТИВА, СЛАВИЈАЛЕНД, СВЕТСКА СЛОВЕНСКА ДИЈАСПОРА, СЛОВЕНСКИ ВИТЕЗ и СЛОВЕНСКИ АПОСТОЛ воведени се во употреба од Основачот на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА.

СЛОВЕНСКА КУЛТУРНА ИНИЦИЈАТИВА тоа е идеа која не може да биди објасната со еден збор, таа има различни цели; некои од нив }е бидат одредени во иднина. СЛОВЕНСКА КУЛТУРНА ИНИЦИЈАТИВА е еден ГЕСТ НА ДОБРА ВОЛЈА, вистински пат да се изрази СЛОВЕНСКИОТ ДУХ и ШИРОКАТА СЛОВЕНСКА ДУША. Словенската културна иницијатива не претставува продолжение на Панславизмот или Австрославизмот .

Под терминот СЛАВИЈА или СЛАВИЈАЛЕНД се подразбира географската распространетост на словенските јазици. Тој нов збор СЛАВИЈАЛЕНД треба да биди прифатен како синоним за ЉУБОВ МИР СЛОБОДА преку единство во разнообразноста.

СЛОВЕНСКИ ВИТЕЗ титула која се доделува за одредени заслуги во СЛОВЕНСКАТА КУЛТУРНА ИНИЦИЈАТИВА или за заслуги за СЛОВЕНСКАТА УНИЈА. СЛОВЕНСКИ АПОСТОЛ титула која се доделува за особени заслуги за СЛОВЕНСКАТА УНИЈА .

СТАТУТ

1. СЛОВЕНСКАТА УНИЈА е регистрирана во Хелсинки, Финска на 19 Декември 2004 година како асоцијација SLAVIC UNION ry.

2. Мотото на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА е МИР ЉУБОВ и СЛОБОДА преку ЕДИНСТВО во РАЗНООБРАЗНОСТА.

3. Според идејата на Основачот, СЛОВЕНСКАТА УНИЈА нема да биде локална асоцијација туку ќе стане нешто како СЛОВЕНСКА ЕВРОПСКА УНИЈА во културен поглед. Порано или подоцна повеќето словенски држави ќе станат членки на Европската Унија или ќе се приближат на тие стандарди, и токму преку таа институција СЛОВЕНСКАТА УНИЈА ќе ги застапува интересите на сите на кои им се блиски словенската култура, менталитет и сл. Со време таа ќе стане целосна меѓународна, отворена и голема унија и ќе очекува целосно признавање од меѓународната демократска заедница.

4. Цел на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА е демократска консолидација на народите, групите и индивидуате на кои мајчин јазик им е некој од словенските јазици. Една од основните идеи е создавање на културни мостови помеѓу самите словенски култури, како и со останатите Европски и светски култури .

5. Некои од приоритетните активности на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА се: посветување внимание на словенските малцинства, словенските јазици дијалекти, кои не се широко распостранети; консолидирање на СЛОВЕНСКАТА СВЕТСКА ДИЈАСПОРА; распространување и запознавање со словенските јазици помеѓу самите Словени, како и меѓу останатите народи .

6. Словенскиот идентитет или СЛАВИЗМОТ во денешно време се чини апстрактен поим; затоа СЛОВЕНСКАТА УНИЈА ќе работи на тоа да се обрне внимание особено од страна на Словените, но и на другите народи во светот.

7. СЛОВЕНСКАТА УНИЈА е слободна, мултикултурна, мултиетничка и отворена за секого. Исклучоци постојат само за личности, групи и организации блиски до фашизам, тероризам и на дриги видови на екстремистички идеи или активности.

8. Членството во СЛОВЕНСКАТА УНИЈА е бесплатна, но членовите се охрабруваат да помагаат со доброволни парични донации на банкарската сметка на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА заради поддршка. Член може да се стане преку емаил, преку телефонски повик, по СМС или преку писмо.

9. СЛОВЕНСКИОТ КУЛТУРЕН ФОНД е еден меѓу народен фонд каде поединци, групи на луѓе, организации и било кој заинтересиран може да даде донации за поддршка на културните или други активности на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА. Фондот може да се користи за разни употреби во иднина, па и за хуманитарна помош.

10. Главен јазик за комуникација во словенската унија е англискиот, како јазик најраспространет во светската комуникација, а во иднина цел ќе ни биде и меѓусебно комуницирање преку сопствените словенски јазици.

11. Одборот на основната организација на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА се состои од претседател, заменик претседател, секретар и двајца членови. Претседателот ги назначува заменикот и секретарот на основната организација на СУ или тие должности се распоредуваат со мнозинство гласови на Одборот. Основачот на СУ е прв претседател на истата. Таа функција во иднина ќе биде отворена за избор.

12. СЛОВЕНСКАТА УНИЈА планира отворање филијали во светот. Филијалата би се состоела од претседател, заменик, секретар и двајце членови. Правилата за филијалата се засноваат врз правилата на основната Организација. Собранијата ќе се држат на јазикот на земјата на филијалата или по потреба на англиски јазик. Пожелно е Протоколот на состаноците да се заведува на англиски јазик. Пожелно е раководници лица на филијалата да имаат основно познавање на словенската култура и да зборуваат англиски јазик како и локалниот јазик на земјата.

13. Претседателот на основната Организација на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА назначува претседатели на филијалите кои во активностите му се подредени на претседателот на УНИЈАТА или членовите на филијалата го избираат со мнозинство гласови претседателот на филијалата. Претседателот на филијалата ги назачува заменикот и секретарот или тие се избираат со мнозинство од членовите.

14. Собрание на основната организација како и филијалите ќе се одржува најмалку еднаш годишно. Присутни на Собранието мора да бидат претседателот или заменикот и секретарот и најмалку двајца членови. Одлуките ќе се донесуваат со мнозинство гласови; Во случај на нерешено гласање, одлучувачки е гласот на претседателот на Унијата, односно на филијалата.

15. Во случај претставници на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА да отстапуваат од принципите на СЛОВЕНСКАТА КУЛТУРНА ИНИЦИЈАТИВА или на Статутот на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА, тие мора веднаш да бидат отстранети од должностите.

16. Претседател на основаната организација на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА мора да биде личност која течно зборува најмалку три словенски јазици и англиски јазик. Исто така, тој мора добро да ги разбира и барем основно да зборува на сите останати словенски јазици и дијалекти и мора да има суштинско познавање на културата и менталитетот на словенските народи и на словенската дијаспора.

17. Основна задача на преседателот е да работи на обединување и консилидирање на словенските народи и организации во единствена културна демократска организација, запазувајќи ги сите денешни демократски вредности.

18. Подпретседателот на словенската унија мора да биде лице кое течно зборува барем два словенски јазици, англиски јазик или друг светски јазик. Тој мора да ги разбира и барем основно да зборува на сите словенски јазици и дијалекти и мора да има широко познавање на културата и менталитетот на словенските народи и на словенската дијаспора.

19. Секретарот на СУ мора да биде лице кое зборува пред се англиски јазик, при тоа одлично познавајќи го тој јазик- зборување, читање, и пишување.

20. СЛОВЕНСКАТА УНИЈА во пракса ќе функционира примарно низ културна комуникација, културни програми и активности, како што се програми за учење словенски јазици, словенски спортски натпревари и сл. Спектарот на можности е широк и не може стриктно да се определи зашто Словенската културна иницијатива ќе се развива со текот на времето. Солидарност и доброволна работа ќе биде еден од симболите и особините на сите активности сега и во иднина.

Enter supporting content here