Make your own free website on Tripod.com
su-prilep
Home | city of PRILEP | Slovenska Kulturna Inicijativa | Page Title
Slovenska Kulturna Inicijativa

Драги пријатели

Оваа иницијатива на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА најде свое место и во нашата земја. Појавата на СЛОВЕНСКАТА УНИЈА не е случајна зашто прашање на време беше кога една ваква идеја за градење мостови меѓу словенските народи ке заживее како една неминовност. Потенцирајќи ја потребата за давање на наш допринос во културното интегрирање на големото словенско семејство ние истовремено го нагласуваме словенскиот идентитет на Македонците. Оваа иницијатива ја започнавме со голема верба дека ќе биде широко прифатена и разбрана како дел од Европските интегративни процеси кон кои ние постојано се стремиме. Затоа, ве повикуваме да нé контактирате и да ни се придружите, зашто зборувате на еден од словенските јазици. Можете да ги пишувате на нашата адреса: slavia_mak@yahoo.com

или на адресата на нашата централа во Хелсинки slavialand@yahoo.com

ПОДЕТАЛНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОСНОВНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЛОВЕНСКАТА УНИЈА, НЕЈЗИНИТЕ ГЛАВНИ ПРИНЦИПИ, ИДЕИ И АКТИВНОСТИ ЌЕ НАЈДЕТЕ НА ОСНОВНАТА ИНТЕРНЕТ СТРАНА: http://slavia-slavialand.tripod.com

За Почетоците на нашата историја…

Македонија - словенска земја

Со доаѓањето на Словените - сонивните постојани навлегувања од почетокот на 6 век и со нивното трајно населување на балканските земји од крајот на 6 век до првите децении на 7 век - ликот на Балканскиот полуостров од основа се промени и на целиот негов простор настана целосен етнички пресврт. Во врска со тоа царот Константин Порфирогенит во неговото дело ,,Списи за темите” ке речи: ,,Се пословени целата таа земја и стана варварска”. Со словенскиот бран просторот на Македонија конпактно беше населен со словенски племиња - Брсјаци, Струмјани, Драговити, Смољани, Ринхини и Велегезити. Преживеаното старо население во најголем дел се повлече било во планинските, било во приморсите краеви, во правец на југ. Тогаш беа создадени низа Склавинии - области кои им припаѓаат на Словените, на чие чело беа племенски водачи но кои немаа оформено сопствена државна организација. Топонимите во целост беа словенизирани. На таков начин, Македонија се претвори во словенска земја, со словенски народ и со словенски јазик, а во исто време таа стана средиште од кое хеленско - византиското културно и политичко влијание се ширеше врз соседните јужнословенски простори. Христијанизацијата беше клучниот процес за реокупирање на овие земји за Византија - тој процес спроведуван со средствата на државната управа и методите на црквата, и помогна на Византија брзо да воспостави своја власт во Македонија. Токму христијанизацијата го поттикнала и создавањето на словенската писмненост. Бидејќи грчкото и латинското писмо не одговарале на фонетиката на словенскиот јазик во 863 година Кирил Солунски ја составил првата словенска азбука -глаголицата, пред заминувањето на познатата Моравска мисија. Тогаш настанале и првите словенски ракописи во Македонија, зашто Кирил и Методи ги превеле богослужбените книги од Грчки на Словенски јазик. За основа на јазикот на тој превод беше земен еден говор накој зборувале Словените од најјужните делови на Македонија - современиците го викаа тој јазик просто словенски а во славистиката денеска за него најкористени се називите старословенски или староцрковнословенски (Б. Конески). Кон крајот на 9 век учениците на солунските браќа, Климент и Наум го создадоа во Охрид еден од најголемите центри на словенската писменот, познатата ,,Охридска книжевна школа”. Каде се одвиваше богата преведувачка дејност, но исто така се создаваа и оригинални словенски ракописи. Сите тие текстови долго време се пишуваа со оригиналната кирилова азбука - глаголицата, а веќе во 11 век почнува да се користи и кирилицата. ,,Во повеќе жанрови Климент Охридски и неговите соработници го афирмираа словенскиот писмен јазик и го усовршија во една мера што може дури и да изненади ако имаме на ум дека се работи за почетен период на една писменост. Можеме слободно да речеме дека ова јазично наследство ги надживеа во словенската традиција рамките на средновековната литература, бидејќи во добар дел се вклучи во фондот на современите словенски литературни јазици”. (Б. Конески)

Македонскиот јазик-еден од словенските јазици

На територијата што денеска ја зазема, нашиот јазик се формирал од говорите на словенските племиња кои, по распаѓањето на прасловенската заедница стигнале најдалеку на југ на Балканскиот полуостров. На новите седишта јазикот на македонските Словени уште доста време го продолжувал прасловенскиот јазичен тип како што ни го посведочува тоа старословенскиот јазик, создаден на македонска основа во втората половина на 9 век. Новата структура на словенскиот македонски јазик, што се развивала во кoнтакт со балканските јазици (грчкиот, латинско-романскиот и сл.), а и во меѓу дејството на самите словенски говори во сферата на тоа влијание, била веќе доволно изразена во времето околу 15 век. Со тоа време приближно се обележува конституирањето на современиот тип на македонски јазик.

Првпат прашањето на литературниот јазик се поставува на разгледување во 60-те години на минатиот век, кога македонското граѓанство, во заедница со бугарското граѓанство стапува во борба против Стариградската патријаршија.

Македонскиот јазик беше прогласен за официјален јазик за првпат на првото заседание на АСНОМ на 2 Август 1944 година. Неговата унификација се изврши со освојување на азбуката (03.05.1945) и правописот (07.06.1945) по предлог на Комисијата за јазик и правопис (,,Историја на македонскиот јазик”, Б. Конески)

СВЕДОЦИ СМЕ ДЕНЕС НА ЕДЕН ПРОЦЕС ВО МАКЕДОНИЈА КАДЕ ОД СТРАНА НА МНОГУ ПОЕДИНЦИ И ГРУПИ ОТВОРЕНО СЕ НАГЛАСУВА ТЕОРИЈАТА ЗА АНТИЧКО ПОТЕКЛО НА НАШИОТ НАРОД, ПРИ ШТО СЛОВЕНСКИОТ ЕЛЕМЕНТ СЕ СТАВА ВО ПОДРЕДЕНА ПОЛОЖБА ПА ДУРИ И СЕ НЕГИРА НАШЕТО СЛОВЕНСКО ПОТЕКЛО. НАШИОТ ЈАЗИК Е ДОВОЛЕН СВИДЕТЕЛ ЗА НАШЕТО СЛОВЕНСКО ПОТЕКЛО. ДОВОЛНО Е ГРАНДИОЗНА НАШАТА ИСТОРИЈА ЗАРАДИ СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ-ОД ТОА НЕ НИ Е ПОТРЕБНА ПОГОЛЕМА НАЦИОНАЛНА ГОРДОСТ ПРЕД СВЕТОТ И ПРЕД САМИТЕ СЕБЕ СИ. КАКО ДА НАЈДЕМЕ ПОВРЗАНОСТ И КОНТИНУИТЕТ МЕГУ АНТИЧКИТЕ ВРЕМИЊА СО СВЕТИ КЛИМЕНТ И ОХРИДСКАТА КНИЖЕВНА ШКОЛА, ЗА КОЈА ПОГОРЕ ИЗЛАГАВМЕ? КАКО ДА ГИ ПОВРЗЕМЕ НАШИОТ ДЕНЕШЕН ЈАЗИК КОЈ Е ДЕЛ ОД СЕМЕЈСТВОТО НА СЛОВЕНСКИТЕ ЈАЗИЦИ СО ОНОЈ КОЈ СЕ ЗБОРУВАЛ ВО АНТИЧКИТЕ ВРЕМИЊА НА ОВИЕ ПРОСТОРИ?

Enter supporting content here